Трагедија во Прилеп, 15-годишник избоден до смрт во центарот на градот

Трагедија во Прилеп, 15-годишник избоден до смрт во центарот на градот

Трагедија се случи синоќа во Прилеп. Младо момче било избодено со нож до смрт.

Според неофицијалните информации,  на убиството му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица. Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп, во близина на градскиот плоштад. Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија, по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидците повикале итна помош и случајот бил пријавен во полиција. Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но им подлегнало на повредите од повеќето убоди кои му биле нанесени по телото.

Истрагата е во тек велат од полиција. Локални медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник на 15 – 16 годишна возраст.

Надлежните дадоа наредба за обдукција на телото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста