Трагедија во Гостивар-осумгодишно дете загина во пожар
Ќе има ли и евентуална кривична одговорност за пожарот,кој избувнал утрото во стан од зграда, во центарот на Гостивар,во кој животот го загуби 7 годишно дете.Според информации на обвинителството, во моментот на пожарот,тоа било врзано со ланец на нозете.Според исказот на семејството, причината за врзувањето била тоа што детето било агресивно. Специјални екипи на МВР го испитуваат случајот, а врз починатото дете ќе се врши обдукција. Во моментот на пожарот,во станот биле мајката, нејзината сестра и децата.Никој од нив не е сериозно повреден.
Според информации до кои дојде Алфа,семејството било од висок социјален ризик.Во станот живееле мајката, нејзината сестра и 4-те малолетни деца.Дел од членовите на семејството биле со психички проблеми ,а тука живееле под кирија. Стручни екипи прецизно и детално работаат на случајот и утврдување на причините за пожарот,во кој треба да се разјасни, дали седум годишното дете,кое почина од задушување, можело да се спаси, доколку не било врзано.
Милена Вучевска