Тозија смета дека антикорупциска нема што да се занимава со неговата работа во Агенцијата за филм

Се огласи Горјан Тозија. Самоуверено ги демантира сите стрели кон него од актерите и режисерите кои се кренаа обвинувајќи го дека режира скандалозно распределување на буџетите за филмска продукција и дека едни исти луѓе добиваат пари. Тозија не мисли дека треба да се поништува последниот конкурс за финансирање на филмови, оти листата на добитници била во ред, односно филмовите биле одлични како што тврди тој.

  • Не, зошто да се поништи? Кој бара да се поништи? Државниот секретар може да бара на Марс да одиме, секоја чест на човекот0, ама неможе нешто кога не држи. Си има закон. Јас одговарам, не јас, и Агенцијата одговара пред Влада. Државниот си има министер таму така? Може да побараат на Влада да каже, но, прво нека се договорат, кој со кого, како бидејќи ова е рефлектирање на моменталната политичка ситуација и тоа најмногу ме нервира – вели Торзија.

За Тозија предметите што антикорупциска ги отвори за сомнежите за неговото работење не можеле да му наштетат. Убеден е дека антикорупционерите немаат овластувања за негово разрешување, но вели имале мотив а прстот го вперува во режисерот Милчо Манчевски.

  • Меѓутоа, притисокот беше евидентен. Знаеме кој ја повика Антикорупциска и со кои мотиви, кој го инволвира Министертството за култура, кое стана дуќанче на дотичниот. Милчо Манчевски не е ниту мој проблем, ниту на Агенцијата. Ако продолжи вака, Мило Манчевски е проблем на Македонија, рече Тозија.

Комисијата што ги бира филмовите не ја откри. Оправдувањето е да не и се вршело притисок. Реагираше и на обвинувањата од актерот и режисер Висар Вишка, кој него го посочи за виновен и побара од Владата да реагира брзо.

  • Се разбира дека главата на таа институција е првиот виновник. Неколку пати му е кажано дека треба да смени а не да продолжи по старо, но истото продолжува. Сега ја крие комисијата, кое што е тотално неразбирливо во една државна институција да криеш комисија, демек ја чува од некакви влијанија или незнам. Тој е одбран од Влада на Република Македонија. Тој директно ги координира сите кои се таму одбрани од Влада – вели за Алфа, Висар Вишка.

Тозија пак побара од владата да не му завршела кариерата како што сакал Манчевски и антикорупциска. Истовремено се пожали и дека буџетот на агенцијата бил скратен и работеле под големи притисоци од институции.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста