ТОТЕНХЕМ ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ ЗА УТРЕШНИОТ ДУЕЛ (20.00) ОД ЛИГА ЕВРОПА СО ШКЕНДИЈА

Фудбалерите на Тотенхем денеска пристигнуваат во земјава за дуелот од третата квалификациска рунда во Лигата на Европа, но никој нема да ги види Англичаните во нашиот главен град. Имено тие ќе бидат во строга изолација, што значи аеродором, хотел, натпревар утре против Шкендија од 20 часот на арената Тоше Проевски, а потоа повторно комлетно затворање пред враќањето во Лондон. Гостите заради силното клупско и индивидуално реноме се апсолутни фаворити во мечот кој обезбедува настап во плеј оф рундата од која, пак, се добива шанса за учество во групната фаза од Лига Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста