Тошковски:Осум уапсени, меѓу нив и човекот кој го кинеше македонското знаме

Тошковски:Осум уапсени, меѓу нив и човекот кој го кинеше македонското знаме

Од една до пет години затвор им се заканува на луѓето кои вчера го палеа, газеа, кинеа и сквернавеа македонското знаме. МВР експресно уапси 8 луѓе – учесници на прославата за денот на албанското знаме во Скопје.

Министерот Панче Тошковски вели дека сите се млади а меѓу нив има и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четворица се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

„МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид на дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвкаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици”, рече Тошковски.

Тошковски дециден – полицијата постапува енергично и неселективно а не како порано кога следеше партиски директиви. Уште еднаш порача дека во Македонија мора да владее закон и ред., дека жестоко и сурово ќе одговорат на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

„Ќе одговориме соодветно, за тоа што времето „како и до сега“, „виновен е пајакот“, „виновен е кабелот“, заврши. Сакам да упатам и огромна благодарност до сите полициски службеници кои макотрпно, одговорно и будно ја набљудуваа ситуацијата и соодветно реагираа” – рече Тошковски.

Министерот испрати апел до сите оние кои имаат видеа од вчерашните настани да ги достават до МВР за целосно да се расчистат инцидентите.

И кумановската полиција привела дваесетгодишник од Липково,а имало и пријави за оштетени шест возила при прославата на албанското знаме.

Со газење и кинење на македонското знаме синоќа се славеше денот на албанското знаме во Македонија. Иако 28 ноември не е ниту државен празник, ниту празник на малцинските заедници во земјава, стотици граѓани го прославуваа во повеќе градови со развиорени албански знамиња, пукотници од огнено оружје, навредливи скандирања, но најмногу вознемиреност секако предизвикаа инцидентите со кинење и газење на државното знаме. Од дивеењето се споеделија видеа на социјалните мрежи, по што следуваа бројни реакции и барање на одговорност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста