Тошковски за Алфа: МВР поднесе повеќе кривични пријави за подметнувачи на пожари низ Македонија

Тошковски за Алфа: МВР поднесе повеќе кривични пријави за подметнувачи на пожари низ Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Алфа говореше на повеќе теми поврзани со моменталните случувања во МВР. Говреше за случувањата на скопскиот Аеродром со косовската претседателка, најавите дека ДУИ подготвуваат дестабилизација во државата, како и за тоа колку кривични пријави и истраги има за поднетвнување на пожарите низ државата.

Токму за пожарите вели дека МВР работи активно, има повеќе кривични пријави и истраги околу можни подметнувачи.

-Согласно информациите кои што ги имам поднесени се кривични пријави против конкретни лица и сторители од страна на СВР Велес, СВР Струмица, ОВР Радовиш, ОВР Свети Николе, СВР Скопје исто така има постапено во рамки на негова надлежност во врска со два конкретни кривично правни настани, односно два настанати пожари, едниот настанат во рамки на катната гаража во текот на изминативе денови, другиот настан под Кале, за што имаше информации во јавноста. СВР Охрид исто така постапува по конкретни предмети, за кои што имаме конкретни индиции за предизвикување на општа опасност. Така да постапувањата по конкретната акција „Пожар 2024“ на ниво на БЈБ факт е дека дава резултати и факт е дека сите оние кои што ќе бидат основано докажани со конкретни докази и факти во рамки на соодветна постапка, ќе бидат процесуирани од страна на МВР. Имаме поголем број на кривични пријави и известувања до надлежен јавен обвинител, во врска со конкретни кривично правни настани, поднесено во изминатиот период, изјави Тошковски.

Со Тошковски разговараше Матеја Петровски

Целиот разговор околу другите теми во видеото во продолжение:

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста