Тошковски за Алфа: Кривична пријава и суспензија за обезбедувањето на Африм Гаши, дисциплински постапки против уште двајца членови на обезбедувањето
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Алфа говореше на повеќе теми поврзани со моменталните случувања во МВР. Говреше за случувањата на скопскиот Аеродром со косовската претседателка, најавите дека ДУИ подготвуваат дестабилизација во државата, како и за тоа колку кривични пријави и истраги има за поднетвнување на пожарите низ државата.
Околу најновиот случај од први август на скопскиот Аеродром со претседателката на Косово кажа дека е поднесена кривична пријава против член на обезбедувањето на Африм Гаши.
-Во текот на денешниот ден од страна на Одделот за внатрешна контрола, по насоки на ОЈОГОКК ќе биде доставена кривична пријава, согласно одредбите од кривичниот законик и тоа член 144- загрозување на сигурноста и член 382- спречување на службено лице во вршење на службено дејствије, против член на обезбедувањето на претцедателот на Собранието, кој што незаконито се упатил кон ВИП салонот на ТАВ и особено незаконито и несоодветно реагирал. Сметам дека едно вакво поведение на полициски службеник е недозволиво и истото мора да биде процесуирано соодветно пред органите на прогонот, изјави Тошковски.
Покрај тоа што ќе биде поденесена кривична пријава против членот на обезденувањето на Африм Гаши, предложена е соодветна дисциплинска постапка, односно суспензија додека трае кривичната постапка.
-Предметното лице ќе биде суспендирано во иднина се до донесување на правосилна судска одлука од надлежен суд. Во текот на денешниот ден, исто така се предложени од страна на одделот за внатрешна контрола и две дисциплински постапки против други двајца членови од обезбедувањето на претседателот на Собранието, кои што не постапиле согласно подзаконски акти и притоа не спречиле незаконито дејствије од страна на нивниот претпоставен кој што се упатил во рамки на ВИП салонот, изјави Тошковски.
Вели немало физички контакт членови на обезбедувањето на ТАВ и косовската претседателка.
-Можам да изразам жалење за целокупниот настан кој што е случен, согласно информациите кои што јас ги имам добиено досега, не можеме да говориме за настанат физички контакт помеѓу било кој член на обезбедувањето на ТАВ и претседателката на Република Косово, барем таква информација до мене не е доставена дека имало било каков физички контакт, а притоа се обезбедени изјави и од повеќе од 15-тина луѓе во рамки на целокупниот овој процес кој што го водеше внатрешна контрола и исто така од одделот за внатрешна контрола, по барање и насоки на јавен обвинител се прибавени и снимки од камерите, кои што го снимале внатрешниот дел и од страна на инфорамциите кои што ги имам добиено, таков физички контакт помеѓу претседателката и член на обзбедувањето не е утврден, изјави Тошковски.
Со Тошковски разговараше Матеја Петровски
Целиот разговор околу другите теми во видеото во продолжение: