Тошковски за Алфа: До МВР доставени огромен број докази и факти за криминали сторени минативе години
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Алфа говореше на повеќе теми поврзани со моменталните случувања во МВР. Говреше за случувањата на скопскиот Аеродром со косовската претседателка, најавите дека ДУИ подготвуваат дестабилизација во државата, како и за тоа колку кривични пријави и истраги има за поднетвнување на пожарите низ државата.
Вели последниов период до МВР се пристигнати сериозни докази за сторен криминал претходниве години од власта предводена од ДУИ и СДСМ.
-Во изминатиов период се доставени огромен број на докази за огромен криминал, кои што ќе бидат процесуирани во рамки на законита постапка и Министерството за внатрешни работи, во рамки на една законита постапка, со докази, со докази со факти, почитувајќи сите права, ќе постапува во насока да се утврди вистинската фактичка состојба и во насока да се обелоденат сите оние незаконитости кои што биле сторувани во изминатиов период, а и те како ги имало. Индициите се дека и те како имало огромни криминали, кои што се случувале во изминатиов период. За тоа она што веќе е доставено, а веќе стигаат и огромен број и писмени докази и друг тип на информации до МВР, ќе биде постапено максимално ефикасно и во рамки на законита процедура, изјави Тошковски.
Со Тошковски разговараше Матеја Петровски
Целиот разговор околу другите теми во видеото во продолжение: