Тошковски во „Беко“, се обучува нова група на полициски службеници за издавање лични документи

Тошковски во „Беко“, се обучува нова група на полициски службеници за издавање лични документи

Министерот на внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на полициската станица „Беко“ во центарот на Скопје, каде се обучува нова група на доброволци, полициски службеници, за издавање на лични документи.

„Ова саботно утро го искористив да го посетам пунктот Беко каде што во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучуваат во процесот на издавање на лични документи.

Искрена благодарност кон овие колеги кои на дело покажуваат дека си ја сакаат Македонија и се спремни да помогнат кога е најпотребно“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста