Тошковски: Најостро го осудувам вандализмот кај Карпалак
Како министер за внатрешни работи, а пред сè како човек најостро го осудувам вандализмот врз спомен плочата кај Карпалак, поставена во чест на загинатите припадници на нашите безбедносни сили во 2001 година, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој во неговата реакција порача дека овој чин е директен напад врз нашата колективна меморија и кон оние кои го дадоа својот живот за зачувување на безбедноста и интегритетот на Македонија.
„Сакам да потенцирам дека ваквите дејствија нема да бидат толерирани, а МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на сторителите на овие кукавички дела, сè со цел заштита на нашите културни и историски вредности“, додаде Тошковски.