Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во работна посета на министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби. На официјалната средба со министерот за внатрешни работи шеикот Саиф Бин Зајед ал Нахјан потпишаа два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете држави.

На средбата, министерот Тошковски побара да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето на земјава, а е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста