Тошевски и Заев во клинч, која е вистината за објектот на општинската организација на СДСМ во Аеродром?

Тошевски обвинува,Заев негира.Која е вистината за објектот на општинската организација на СДСМ во Аеродром? Иако бизнисменот вчера во емисијата Што не е јасно на Алфа ги обвини социјалдемократите дека објектот во кој била сместена нивната општинска организација не му го вратиле во владение, денеска премиерот со став дека откако Тошевски побарал да го напуштат објектот, тие ги испразниле просториите и си заминале.

“Пушти порака кај мене да го напуштите просторот. Се јавив на оптинската организација велат веднаш. Ако газдата вели да напуштиме ќе напуштиме. Го напуштија просторот ги предадоа клучевите. И тоа е така. Ако треба да поделувам пораки од тоа што сум добивал навистина е непринципиелно”, изјави Заев.

Но Тошевски потенцира дека деловниот објект кој бил сопственост на неговиот син не му е вратен. Од СДСМ се иселиле преку ноќ и ја извадиле таблата. Тој го нема добиено клучот.

“Од 14 ноември до 13 декември ме манипулира со деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Деловниот простор каде што е сместена општинската организација на СДСМ е сопственост на син ми. Беше под хипотека и со пари од Азманов го префрлив на име на син ми. Или деловниот простор кој го користи СДСМ не ми е вратен”, рече Тошевски.

Тошевски исто така негира и дека СДСМ му плаќал закупнина за деловниот објект за периодот додека биле сместени таму. За тоа како што тврди бизнисменот не постои ниту договор, ниту доказ за трансфер на пари.

Тошевски обвини и дека врз него бил правен притисок поголем објект во близина на хотелот Хилтон и факултетот ФОН во Скопје кој тој го поседува со продажба индиректно да му припадне на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

Вице Заев ги демантираше ваквите тврдења.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста