Ториевците најавуваат преместување на Домот на лордовите вон Лондон

Британските конзервативци објавија дека владата размислува да го премести Домот на лордовите – Горниот дом на британскиот Парламент – надвор од Лондон. Целта е повторно воспоставување на врските со гласачите, јави ДПА.

Локалните медиуми објавија дека Домот на лордовите може да биде преместен од лондонскиот Вестминстер во Јорк, мал град на североисток на Англија.

Разгледуваме различни опции за сите делови на Велика Британија да се чувствуваат поврзани со политиката. Тоа го кажа претседателот на Конзервативната партија, Џејмс Клеверли, за Скај њуз.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста