Топлото време ја удвои работата на Брза Помош, од утре уште повисоки температури

Топлото време ја удвои работата на Брза Помош, од утре уште повисоки температури

Пеколните горештини ги вжештија телефоните во Брза Помош. Хронично болни, пациенти со висок крвен притисок, постари лица – сите бараат помош од дежурните во службата. Бројот на повици е речиси двојно зголемен во спроредба со претходните денови. Докторите велат дека со виоските темпратури расте бројот на интервенции за колапси на јавно место.

Лекарите со предупредување до граѓаните  од климатизирани простории да излегуваат внимателно и постепено и без големи температурни разлики.

Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

Од Управата за хидрометеоролошки работи веќе најавија дека не очекува топол бран со дневна температура од над 35 степени. Според синоптичарите, ниту од сабајле нема да е свежо како до сега, односно ќе биде над 20. Особено топло ќе биде во среда, кога температурата ќе надмине 40 степени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста