Топлото време го вклучи алармот, лекарите предупредуваат на внимателност

Високите температури го вклучија алармот. Во изминативе 48часа во штипската Брза помош се регистрираат и до пет колапси дневно. Најчесто лекарска помош се бара за во фабриките. Брзата интервенција е од суштинско значење, па во дадениот момент треба сооодвтно да се реагира, советуваат лекарите.

  „Да се однесе во сенка, да им се даде вода, да седнат или легнат за да им се смири системот. Во лежечка положба задолжително треба да бидат поставени на страна„-изјави д-р Мартина Михајлова од Брза помош-Штип

Погоните задолжително да бидат климатизирани. Во текот на работниот процес да се прават микропаузи по 5минути на секој час. Клима уредот да дува во плафонскиот дел,како и  тоа на работниците да им се создаде период за адаптација пред да влезат во автобусите со кои се превезуваат.

   „Разликата од голем број на степени , посебно над 8 или 10 е веќе ризик. Затоа треба постепена адаптација од ладно на топло, но и обратно. Во балканските земји постојат табуа дека климата може да не здрви. Секако тие се подобра варијантна отколку да не се вклучуваат„-изјави д-р Златко Стојменов

Покрај лесната облека и пиењето на вода лекарите апелираат посебно до работниците кои и на овие високи температури мора да работат на отворено,задолжително да ја заштитуваат тилната регија. На тој начин ќе се спасат од сончаници и топлотни удари. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста