Топло – ладни изјави од Софија

Не сите земји членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија да стане дел од европското семејство, кажа бугарската министерка за надворешни работи Захариева, не прецизирајќи на кои држави мисли.

Во интервју за бугарска телевизија таа рече дека немало толкав ентузијазам, токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ.

Ние сме емотивни народи од двете страни. Не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш, рече Екатерина Захариева – бугарска министерка за надворешни работи.

Македонскиот шеф на дипломатијата пак контра изјавата на Захариева, поддршка за почеток на преговори имаме.

Остварив телефонски разговори со речиси сите министри за надворешни работи од земјите-членки на Европската унија и сметам дека е апсолутно недвосмислена поддршката од сите земји-членки околу потребата и отпочнувањето на првата Меѓувладина конференција во декември и тоа не само затоа што тоа е нивна принципиелна поддршка, туку е и заслужена, вели Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Иако добивме вето од Бугарија, Османи вели разговорите со Софија ќе продолжат, но се уште не добиле одговор за последниот нон пејпер кој Бучковски му го даде на Борисов.

Борисов пак кој е партиски шеф на Захариева и премер на Бугарија, вели дека се надевал дека наредната година ќе се нашло решение за спорот.

Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја поддржавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страни е да стигнеме дотаму, истакна Бојко Борисов – премиер на Бугарија.

Претходно бугарскиот вицепремиер Каракачанов рече дека секој што прочитал 5 страни историја знаел дека не постои македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година. На овие провокации Заев истакна дека бил повреден од неговиот како што го нарече пријател Каракачанов.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста