Топаловски ја смени верзијата за настанот со Нефи Усеини, бил во шок или..?

Физичката пресметка помеѓу контроверзниот советник Нефи Усеини и неговиот долгогодишен пријател Спирко Топалоски-ги надминува сценаријата на боливудските акциони трилери.Пет дена по инциентот,натепаниот Топалоски физичката пресметка ја сведе на недоразбирање кое сега било надминато,оти се работело за исконструиран настан со политичка позадина кој произлегол-како што самиот пишува,од за него непознати структури.

‘’Додека јас и Нефи разговаравме добив удар од задната страна и од стресот што го доживеав,бидејќи со мене беше малолетниот син, добив погрешен впeчеток за се.Оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше’’-пишуваТопалоски.

Но,Алфа дознава дека изјавата која Топаловски  ја дал на распит во Основото Јавно Обвинителство не се разликува многу во однос на првичната врзија за која тој зборуваше во медиумите и оти истата се врзува со исказите на другите присутни сведоци кои веќе дале изјава. Од ОЈО кусо,само потрведуваат дека Топалоски бил на распит и оти има уште сведоци кои треба да се сослушаат.

Без оглед на тоа што Топалоски ја смени изјавата,Усеини  ќе одговара за кривичното дело “насилство “ по службена должност. Никој не може да се матапи и да го дискредитира судот,-велат за Алфа, добро упатени извори,кривично дело постои затоа што има тешка телесна повреда и употреба на метален предмет за кој допрва ќе се утврдува дали се работи за пиштол.ОЈО веќе побарало и медицинско вештачење.Тежината на кривичното дело ‘’насилство”  во многу ќе зависи и од исказите на очевидците кои ќе сведочат дали биле исплашени, вознемирени и што виделе во критичниот момент.

Инаку,мерката притвор на Усеини му е изречена во отсуство бидејќи 5 дена поинцидентот што се случи сред бел ден пред хотел во центарот на Охрид,Нефи Усеини и неговиот брат сеуште се недостапни за полицијата.

Од полицијата велат дека распишале локален распис и кога лицето ќе биде пронајдено,ќе биде приведено.Додаваат дека за распишување потерница,чекале наредба од судот.Но правни експерти за Алфа појаснуваат дека потерница најчесто се рапишува кога веќе има правосилни пресуди.Во случајов,полицијата има решение за привор и веднаш треба да го пронајде и да го спроведе во затвор од каде ќе биде изведен на распит во ОЈО.Страмно е велат,полицијата да се оправдува дека не може да му влезе во траг на Усеини, бидејќи тој постојано бил во движење, незадржувајќи се подолго од неколку минути на иста локација.

Росица Голабоска