Тонали од понеделник во Интер

Трката за потписот на младата италијанска фудбалска надеж од редовите на Бреша ја доби екипата на Интер. Сандро Тонали во понеделник ќе биде промовиран во нов играч на нероазурите, а за него интерес покажаа уште и екипите на Милан и Јувентус. Тонали кој во моментов важи за најперспективен италијански фудбалер  во првата сезона ќе има статус на позајмен играч,  а веќе од следното лето Интер е обврзан да и плати на Бреша 35 милиони евра обештетување. 20-годишниот талент сеознава инаку одигра 34 натпревари, постигна еден гол и имаше седум асистенции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста