„ТНТ“ одложен, докторката на Трајковски пред судот ја образложи неговата здравствена состојба

Судењето за предметот „ТНТ“ се одложи за 6 февруари. Одлуката е донесена по консултации помеѓу судијата Ставрев со докторката на обвинетиот Тони Трајковски, којашто денеска беше повикана да објасни зошто поранешниот градоначалник на Гази Баба, не е во состојба да доаѓа на закажаните рочишта за уривањето на комплексот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски.

Докторката претходно издаде медицинска белешка дека Тони Трајковски не може да ја следи расправата за „ТНТ“.

Инаку Тони Трајковски поради болест денеска не се појави во судницата.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста