Тивко и без ниту еден збор, СДСМ И ДУИ гласаа против законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот на пасошите
ДУИ и СДСМ, тивко, без да изустат ниту еден збор од собраниска говорница, решија да остават 650.000 Македонци во државен притвор, и уште стотина илјади заглавени во странство. Пратениците од овие две партии гласаа против предложените измени од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на рокот за важност на пасошите до крајот на годината. Дури 54 од нив гласа против, но ниту еден од нив не смогна храброст да образложи зошто на граѓаните нема да им се олесни и до Нова година да можат да ги користат пасошите со старото име на државата.
За опопзицијата ова е потег кој се граничи со лудост, затоа што во 21 век на гражаните им се ограничува слободното движење, се крши уставот, а на некои им се укинува и правото да гласаат и да бидат бирани.
Подршка на измените дадоа и пратениците од албанската опозиција, кои за разлика од ДУИ кои цврсто се држеа на ставовите на власта, сметаат дека пасошите требаше да се продолжат затао што тоа е во интерес на граѓаните.
Во меѓувреме, од Европската Унија стигна став според кој тоа како заедница сметаат дека Македонија мора да ги почитува меѓународните договори, но оставаат на земјите членки поединечно да решат дали ќе дозволат или не, на нивна територија да се влегува со пасош кој нема да биде „Северен„.
Важно е Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и обврските што се однесуваат на обновување на пасошите,што се содржани во преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавање на патните документи од трети земји е во надлежност на секоја земја членка на ЕУ, велат од делегацијата на еЕУ
Како што е познато, излез со стариот пасош дозволуваат речиси сите земји, но влез дозволуваат само Австрија, Швајцарија и Хрватска, а со лична карта може да се патува во Србија, Косово, Албанија и Босна.