Титулата му е предадена на Ливерпул што предизвика еуфорија во пристаништето

Ноќ за паметење имаа и во Ливерпул каде стаса и на црвените им е предаден пехарот наменет за најдобриот во сезоната во англиската Прва лига. По голеадата во мечот со Челзи кој заврши со 5-3 на капитенот Хндерсон му е врачен трофејот што на Енфилд роуд се чекаше цели 30 години. Ливерпул беше доминантен сезонава на островот за што најдобро говори разликата пред вториот од 18 или уште повеќе пред третиот на табелата кој има заостаток од дури 33 бода. Фудбалерите се радуваа без навивачите на терен, но и тие не пропуштија да ја искажат среќата и не останаа мирни по улиците на Ливерпул.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста