Tиранската платформа за која Заев тврдеше дека не постои денес е македонска реалност
Македонска реалност скроена во Тирана. Тиранската платформа која за СДСМ воопшто и не постоеше за седум години владеење на социјалдемократите и ДУИ целосно исполнета. Иако Зоран Заев говореше дека не постои никаква платформа, дека тоа било само во главите на одредени луѓе, реалноста е сосем друга. Поранешниот премиер пред да ја преземе функцијата дури и беше цврст на ставот дека никаква платформа не може да биде насока како ќе дејствува Владата на Македонија. Дури се колнеше и дека не постои никаков документ од Тирана, бидејќои тоа беше услов на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање Влада
„Ниту еден документ, платформа, декларација, акт кои би биле спротивни на погоре наведените ставови не може да бидат основа за дејствување на Владата на Република Македонија“. рече експремиерот Зоран Заев.
Сепак по се изгледа еден беше ставот на Заев за македонското гласачко тело друг за албанското. На 17-ти мај 2017-та платформата која што во Вила Водно не постоеше, на 21-ви март истата година, во прес салата на Собранието беше реалност со позитивни страни.
„Ние не бегаме од платфорамата, ние цело време потенцираме имаме позитивен аспект на платформата, изјави Заев.
Не само што не избегаа, туку и речиси цела ја исполнија. Да почнеме од албанскиот јазик, во точката еден од документот пишува целосна јазична еднаквост и употреба на албанскиот јазик во сите нивоа на власта.
Исполнето уште пред шест години, кога на 11-ти јануари 2018-та, во Собранието беше изгласан Законот за употреба на јазиците.
Во точката три пак се вели дека треба да се создаде комисија за финансирање на општините и министерство за политички систем и односи меѓу заеднциите, за поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. Исполнето.
Комисијата официјално ја нема, но во 2018-та година усвоен беше закон за финансиска поддршка на единиците за локална самоуправа со кој се финансираа неплатените, а доспеани долгови. Секоја општина доби пари да покрие 51 процент од пријавените долгови. Формирано беше и Министерството со кое раководи Груби. Кои се проектите за работа на оваа институција, освен организирањето журки на Артан Груби, не се знае, но се знае дека има повеќе од 500 вработени и нов модерен објект во центарот на Скопје, каде Груби се всели, симболично или не на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Денеска се наоѓаме во новиот објект на Владата на Република Северна Македонија, каде меѓу другите институции ќе биде и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците“, изјави Заев.
Во точката четири стои: Правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата во сите нивоа на централната власт, јавните служби и претпријатијата со јавни акции. Исполнето. Албанците добија премиер, прв вицепремиер, клучни министерски места како надворешни работи, финансии, економија, образование, правда, заменик министри имаат во МВР и одбрана, директорско место во Агенцијата за разузнавање. Кога се вработувања во државните институции во прашање, дури се оди на Тиранската платформа, во одредени министерства или органи на државата има над 50 проценти вработени Албанци.
Исполнета е и точка 5 која гласи: Унапредување на статусот на Албанците во Македонија во државотворен народ. Со уставните измени поради Преспанскиот договор Албанците влегоа во преамбулата, односно наместо македонскиот народ и заедниците на Албанците, Турците и слично, се воведе терминот македонскиот народ и делови од албанскиот народ, турскиот и таканатаму. Со оваа навидум мала промена дефакто Албанците станаа државотворен народ. Нешто со што редовно се фали Али Ахмети.
„Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава“, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
На 11-ти јануари 2018-та со промените во законот за јазици исполнета беше и точката шест, каде пишува: Уставот на Македонија треба да одреди дека македонскиот јазик со кирилско писмо и албанскиот јазик со неговата азбука, се официјални јазици во Република Македонија.
Како реализирана може да се штиклира и точката седум, каде е запишано: Целосното обелоденување на прашањата за судските процеси како Сопот, Бродец, Монструм и Диво Насеље, преку посебна истражна комисија или меѓународно независно тело.
За случајот Сопот, сега непостоечкото СЈО го повлече обвинението велејќи дека немало докази, па претходно осудените добија слобода, судењето за Монструм беше вратено од почеток, но казните беа потврдени. Токму за овој договор во минатото говореше и Ахмети.
„Во тој договор е дека треба да се бара истрага или меѓународен мониторинг за некои случаи како случајот “Монструм“, Кумановскиот случај. Секогаш ги имаме повторувано, цело време, случајот Бродец“, изјави Ахмети.
Исполнети беа и точките 9, 10 и 11, односно албанските партии се ангажираа во мисијата за членство во НАТО, беа вклучени во преговорите со Грција, а главен преговарач со Бугарија сега ни е Бујар Османи. Интегрирано се менаџираат и границите со Косово и Албанија. Отворени беа и нови гранични премини кон овие две соседни земји.
Се ова е исполнето од платформата која за власта не постоеше, а беше подготвена во Тирана со поддршка со покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.
Единствени неисполнети точки се втората и осмата, односно се уште не е отворена дебата за промена знамето, химната и државниот грб, а не и изгласана ниту резолуција со која ќе се осуди наводниот геноцид врз Албанците во пердиодот од 1912-та до 1956-та година.
Матеја Петровски