Тинекс со донација за Клиниката за инфективни болести –Скопје, Општина Куманово и Општина Прилеп

Компанијата Тинекс донираше средства во вредност од 300.000 денари за Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општина Куманово и Општина Прилеп. Како што информираат од Компанијата, за Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје биле донирани средства за дезинфекција и хигиена во вкупна вредност од 100.000 денари и тоа:- 500 парчиња концентрат за дезинфекција на површини 0,5% (1л.),- 1000 парчиња раствор за брза дезинфекција на површини 0,2% (1л.),- 500 парчиња течен сапун за раце (500мл.),- 2040 парчиња тоалетна хартија.

За Општина Куманово се донирани 100 хуманитарни пакети, а за Општина Прилеп 125 хуманитарни пакети со прехранбени производи и производи за хигиени наменети за социјално ранливите категории на граѓани кои живеат во овие општини. Вкупната вредност на двете донации изнесува 200.000 денари.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста