Тик ток малолетниците прават хаос , но се всушност деца кои бараат помош

Малолетник пуши цигара, пцуе, а потоа  го пали столот . Девојчиња исклучуваат новогодишната елка, други пак возат кола или ги учат да пукаат. Ова се само дел од видео клиповите кои изминатиот период  преку интернет платформите станаа вирални на социјалните мрежи. Дека младината избегаа од контрола се најчетите  коментари во лавината од критики кои можат да се прочитат под видеата кои за жал уриваат рекорди во гледаност. Децата се огледало на општеството, а ова  најверојатно е нивниот  крик за да бидат слушнати, сметаат психолозите..

 „Праќаат порак да бидат слушнати,праќаат пораки за помош, да го свртат вниманието на возрасните и да можат да се покажат како такви со својот бунтовнички дух „- вели психологот Тања Кокотова

 -Психолозите алармираат освен педагошкиот дел, поголем ангажман треба да имаат и родителите  кои сериозно треба да поработат и на децата да им укажат кои се вистинските морални вредности, изјави Тања Кокотова, психолог

    „ Во борба за егзистенција, власт,моќ на тој пат ние ја заборавивме најважната работа, ги заборавивме младите. Тие на овој начин  постирајки вакви видеа со експлицитни содржини  само бараат да допрат до нас „ дополнува Тања Кокотова,психолог

Од ваквиот тип на видео клипови полицијата го откри и пироманот кои во август минатата година подметна пожар во близина на скопското село Мојанци. Малолетникот додека го подметнувал пожарот се снимал, а клипот го објавил на тик-ток

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста