„The Cure“ во Рокенрол халата на славните

Еден од најзначајните бендови на сите времиња, „Кјур“, во годината во која одбележува 40 години блескава кариера, ќе биде примен во Рокенрол халата на славните, на свеченост што ќе се одржи на 29 март 2019. во Баркли центарот во Њујорк.

Ова е едно од најголемите признанија за рок музичарите, а сега првпат во историјата во изборот учествуваше и публиката.

На церемонијата, чест ќе им биде oддадена и на групите „Рејдиохед“, „Рокси Мјузик“ (на Брајан Ин), „Деф Лепард“, „Зомбис“, како и пејачите Џенет Џексон и Стив Никс.

Во конкуренција за наградите беа и групи како „Ејџ Ејџ Машинс“ и „Крафтверк“.