ТФТ И МЗТ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА (16.30) ВО НОВА ЗАОСТАНАТА СРЕДБА ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Денеска се игра уште еден од заостанатите мечеви во нашата Прва кошаркарска лига. Во него од 16.30 екипата на ТФТ која е моментно петти на табелата го дочекува МЗТ Скопје кој е деветти, но со помал број одиграни средби. Инаку ТФТ е на делба на петтата позиција со Куманово откако кумановци вчера во тесен натпревар го победија Црн Дрим во Струга со 83-81.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста