Теута Арифи успеа да ја убеди Владата против задолжителното носење маски во Тетово

За некого мајка за некого маќеа. Се што побара градоначалничката на ДУИ во Тетово Теута Арифи Владата аминуваше. За разлика од неа пораките на кумановскиот градоначалник централата во Скопје ги сечеше, па Куманово стана македонска Ломбардија. Арифи не се согласуваше со владината одлука за задолжително носење маски, па нејзината реакција експресно беше земена предвид и прифатена. Маските сега ќе бидат задолжителни само во затворени простории.

Тетовци пак, не се согласуваат со Арифи. Велат посигурно е луѓето да се движат со маски насекаде.

Мерките на Владата, освен тетовци, ги обврзаа и жителите на Прилеп и Куманово за задолжително носење маски.И прилепчани, како и тетовци, сметаат дека ова е правилно.

Жителите на Куманово пак, каде има над 300 заболени, се поделени во мислењата, но сепак, поголемиот дел сметаат дека и покрај моменталната состојба, на градот не му требаат ригорозни мерки.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста