Тетовско-гостиварскиот регион последниве години не бележи никаков развој,се зголемува само бројот на невработени и сиромаштијата

Со близу 17 000 невработени, Тетово по Скопје е на врвот со најмногу евидентирани лица кои бараат работа. Пандемијата периодов остави многумина без егзистенција,се изгубија многу работни места,се зголеми сиромаштијата,па се повеќе млади размислуваат за подобар живот во европските држави.Граѓаните велат дека овој тренд скапо ќе не чини ако не се преземе нешто.Наместо да се отвораат нови, фабриките се затвораат.

Состојбата е иста во целиот полошки регион.Нема вработувања,граѓаните се се посиромашни.Во Гостивар периодов има голем раст на бројот на лица кои бараат социјална помош, дури по стотина барања дневно.

Имаме рапидно зголемување на бројот на корисници на социјална помош.Тоа се случува од почетокот на пандемијата, првите заклучувања, се затворија работни места, ресторани, кафулиња, не работеа.Секој ден луѓето ја губат работата, од пандемијата, од други причини-рече Азби Шаќири- Центар за социјална работа Гостивар   .

Локалната економија во полошко најмногу ја раздвижуваат исселениците, кои помасовно доаѓаат на лето, но има и такви кои навраќаат и за време на зимските празници.Но, последниве години само трошат тековно, без да инвестираат во бизниси како што било случај порано.Тетовско-гостиварскиот регион кој важел за еден од поразвиените во државата,последниве години не бележи никаков развој.Младите заминуваат,нови бизниси нема,па дури и печалбарите секоја година се се помалку заинтересирани за родните краишта.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста