Тетовските средношколци со предупредувачки бојкот на наставата-бараат побезбедни мерки за заштита од вирусот

Смртта на 16 годишната ученичка од тетовското економско училиште која почина како последици на ковид, го зголеми стравот кај средношколците. Денеска со предупредувачки бојкот на наставата,побараа побезбедни услови и мерки за заштита. Прво, решавање на проблемот со превозот за учениците од руралните средини, кои се возат во преполни автобуси,наместо со редуциран капацитет.Второ, се жалат дека и во училиштата мерките не се почитуваат,ниту има доволно средства за дезинфекција, а и тие што ги има, внатре се полни со вода.

Учениците имаат поддршка и од родителите.Тие, загрижени за здравјето на своите деца, бараат надлежните веднаш да реагираат,во спротивно, бојкотот ќе продолжи.

На средношколците од економското денеска им се приклучија и учениците од Гимназијата, со исти барања.Гимназијалците дури бараат и периодов,додека состојбата со вирусот е загрижувачка, да се префрлат на онлајн настава.  Инаку, периодов има зголемен број на заразени ученици и неколку паралелки од средните училишта во изолација.Состојбата не е подобра ниту кај основците,каде исто се забележува раст на бројот на заразени.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста