Тетовските села погодни за земјоделие, но нема кој да работи

Тетовските рамничарски села во областа Поселие се последните области каде се работи земјоделие. Но младите не сакаат да работат и се селат.  Потребна е стратегија за да не останат овие села пусти како во Мариовско или Поречието.

Ако нема подобри услови и помош од државата многу рурални области ги чека судбината на Мариовско и Порече, затоа што младите ги нема да ја продолжат семејната земјоделска традиција. На таква опасност алармираат  тетовските земјоделци во селата во областа наречена Поселие.  Само постарите луѓе работат земјоделие, а помладите заминуваат во странство или наоѓаат работа во други места и градови и трајно се иселуваат

Се што нема луѓе, се власта го прави, државата го прави, никој други. Никаква стратегија нема за младите. Тоа е тоа. Тоа е опасна работа. Ако немаш млади во село, немаш ништо. На тој начин ќе бидеме бетер од Порече. На тоа идемо ние. Селото е празно у Раотинце. Да идеш ноќе има да се исплашиш, а не да мислиш дека има људи. Којзнае еден чуек ал ќе сретнеш по пат вели Трпко Ѓорѓевски.

Тешко се остварува заработка и добра езгистенција па затоа младите не се нафаќаат да работат во оваа дејност.

Сум имал 5-6 краве, има 5-6 године дека сум ги откажал.Зошто нема профит да речем и на тој начин сум ги откажал. Сега минимално живкарам да речем тоа е, само да се најдеш во работа вели Трпко Ѓорѓевски.

Во овдешната општина Јегуновце велат дека државата би можела да помогне со повеќе инвестирање во инфраструктурата.

Владата да ни даде поддршка во изнаоѓање на решенија од инфраструктура, односно правење на тие полски патишта, или правење на тие канали или бразди што овде ги викаат нашите сограѓани за наводнување вели Димитар Костадиноски-градоначалник.

Градоначалникот порачува – државата да најде сили да го поддржи земјоделието за да се произведува храна која од ден на ден се потешко ќе се обезбедува.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста