Тетовските пожарникари на предупредувачки протест-исполнување на барањата или штрајк

Тетовските пожарникари го кренаа гласот за лошите услови во кои работат и барањата кои законски им следуваат,но,не ги добиваат.Секоја прекувремена работа, ноќен труд, празници, викенди, се жалат дека не им се наплатуваат согласно законот.Немаат колективно осигурување,ниту пак, добиле оштета за пониските плати изминативе години, за што имаат и судско решение.

-Само време ни купуваат, ќе ви одговириме, но, еве до ден денеска нема ништо.Овие барања се по закон.Ние не молиме,бараме што ни следува по закон, ништо повеќе, изјави Сашо Мирчески- ТППЕ Тетово

-Располагаме со возила постари 20 години,материјално технички средства стари, се што има е од донација, од општина нема ништо набавено ново.Еве ова е старо 20 години, чизми немаме, заштитна униформа, вели Игро Симовски-ТППЕ Тетово

Поради досегашните несупешни обиди со локалните власти да најдат решение,побарале средба и со Премиерот.    

 Инаку,ова не е прв пат пожарникарите да протестираат, но, сега велат се решени да одат до крај.Најавуваат протести и во Скопје, а ако треба се заканија и со штрајк, се додека не им се исполнат законските барања.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста