Тетовските гимназијалци од македонска настава на принудно онлајн учење – училиштето останало без нафта

Тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик во објектот на стара медицина,втора недела се на онлајн учење, оти нема греење. Раководството иако знаело дека резервите се при крај, не набавило нафта навреме.

Во училиштето денеска никој не сакаше да даде изјава. Добивме само информации дека нафта била нарачана, но испораката доцнела.

Надлежните уверуваат дека проблемот уште денеска ќе се решел. Родителите пак, велат оти секој ден тоа го слушаат.

Инаку, токму гимназијалците преку предупредувачки штрјак сами бараа онлајн настава уште минатиот месец, но тогаш поради страв од ширење на вирусот и непочитување на мерките за заштита. Барањето не им беше одобрено. Но, сега кога нема греење, онлајн наставата е веднаш прифатлива. Во врска и со овој проблем, денеска во централната гимназија обидувајќи се да добиеме изјава, забележавме дека речиси никој, ниту од професорите и вработените, ниту пак од учениците, не носеше маска.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста