Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка

Среќен крај имаше за семејството кое со две малолетни деца, викендов остана завеано во викендица на Попова Шапка.Таткото Бојан за Алфа раскажува дека на Шапка отишол после 25 години,но,не очекувал оти ова може да му се случи.Откако снемало струја и виделе дека не можат да излезат од викендицата, а немале ниту доволно храна и огрев,се јавиле секаде.Разочаран е што и покрај оваа ситуација и со две мали деца, никој од Македонија пат и ЦУК,не одговорил на нивните повици за помош.Во евакуирањето им помогнала полицијата.

Не не услужија Македонија пат и ЦУК, не услужија полицајците тука на Попова Шапка, дојдоа, се качија, ги земаа децата на рамо и ги спуштија. Колата остана горе, требаше претходно да ни кажат дека од таму треба да ги тргнеме колите, ама нас ништо не ни кажаа, не фати невремето. Иначе најголема благодарност до полицајците – вели Бојан Аврамоски.

 Семејството откако било извлечено од викендицата, со возило на СВР е пренесено во својот дом во Скопје, бидејќи нивниот автомобил, останал завеан на Шапка.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од полициското одделение на Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа ангажирана е и потребната механизација за пробивање на патот по што лицата се извлечени од нивната блоката ако може така да се рече, и со возило на секторот за внатрешни работи Тетово, пренесени се до нивниот дом во Скопје – вели Марјан Јосифоски-Портпарол на СВР Тетово

Попова Шапка е непредвидлива и не е прв пат снежни наноси да завеат викендици, автомобили или патишта,особено кога пообилно врне снег и има виулици.Надлежните апелираат до посетителите на внимателност, барем оние денови кога има врнежи.

Милена Вучевска