Тетовската Мајка Тереза и покрај сиромаштијата цел живот згрижува деца

Колку што и се лоши условите во овој трошен дом, без вода и струја,толку и е широко срцето на 61 годишната Ханча Алиќ,во тетовско позната како Мајка Тереза.Иако речиси целиот живот живее во сиромаштија, досега изгледала 15 деца.Родена во Босна,и самата е растена без родители,што ја поттикнало уште повеќе да ги сака и згрижува децата.

-Јас не сум имала свое прво дете.Па Господ ми дал, откако сум присвоила.Оттогаш сум станала мајка на сите деца, цело Тетово ме сака, било каде сум работела за овие деца..По домови сум одела, од 25 мај сум земала,од Битола сум земала деца, сум ги чувала, сум ги пораснала, секој по свој пат тргнал, изјави Ханча Алиќ

Ханча веќе подолго време живее без вода и струја.И помагаат соседите колку можат.За да добие струја и бараат 1500 евра, кои во моментов ги нема.Не бара многу, само малку подобри услови за нормално да живее.

-Вода ми треба,струја исто, имам и документи дека се ми е легализирано. Ме одбија, бев три пати во Мепсо, јас тие пари не можам да ги најдам..Хигиена колку можам одржувам, но капе се, куќата може да ми се сруши, вели таа

Во моментов се грижи за едно дете, кое има здравствени проблеми.И самата Ханча вели дека боледува од канцер, па најмногу од тоа стравува.Се надева дека ќе добие достојни услови за нормално да живее, но и дека здравјето ќе ја служи и понатаму, за да може да згрижува уште деца-тоа за што живее и што ја исполнува.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста