Тетово затрупано во ѓубре, градоначалникот најавува казни за несовесните граѓани

Вака со полни контејнери и смет околу нив беше долго време пред едно од тетовските училишта. По барање на родители тие се отстранија за да може учениците да се движат по троатоарот и да се се сопнуваат од сметот или да бидат напаѓани од бездомни кучиња кои таму бараат храна.

Иако местото беше исчистено и без контејнери викендов несовесни граѓани своите најлонски кеси со отпадоци од домовите ги оставија пак пред училишниот двор. Овој пример ја отсликува долгогодишната проблематика со сметот во Тетово особено со фрлањето на отпадоците надвор од контејнерите.

Градоначалникот Биљал Касами кој денес ја предводеше општинската еко акција за чистење на десетина места низ градот им порача на граѓаните дека вакви настани ќе има често но дека секој треба да го фрла сметот во контејнерите наместо на улица.

00.48 Сакаме заедно работиме  за почист град за почисти јавни површини со тоа што ЈКП ќе го направи својот дел, но доколку сите граѓани фрламе ѓубре сегде без контрола тогаш колку и да има вработени во ова претријатие не ќе можат да ги чистат нашите улици, нашите јавни површини – изјави Биљал Касами.

Сепак општината нема изречено казни за фрлање смет. Касами најави дека тоа ќе се смени.

Во некои покритични локации да се инсталираат и камери кои можеби и се размислува да одат директно во веб страната на општината. Секој граѓанин да може да види кој каде фрла ѓубре за да преку тоа да се интевенира и да се преземаат мерки – изјави Касами.

Учениците пред чиј двор беше фрлен сметот денес изработија постери и им порачаа на соседите отпадоците наместо пред нивното училиште да го однесат стотина метри подолу каде што се префлени контејнерите. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста