Тетово втор пат во еден месец под рестрикции во водоснабудвањето, граѓаните бараат одговорност

Петти ден, тетовци мака мачат со недостиг на вода.Ниту три недели не поминаа по санирање на стариот дефект и нормализирање на водоснабдување, веќе од вторникот се појави нов дефект, на речиси исто место од цефководот.Повторно има рестрикции во вкупно траење од 12 часа.Без вода не се живее,особено во време на пандемија-граѓаните бараат одговорност од надлежните.

Нов водовод, пари се дадоа, ама во џеп ги ставија.Они гледаа каков е теренот, требаа да стават потпорни ѕидови, но, наместо тоа,тие ги украдоа парите.Ете сега свлечишта има,се расипуваат цефките, водата матна..Апче да пиеш треба вода,јадење да направиш, треба вода чиста…-вели тетовец

Со водава најтешко е, да се потпали нешто не дај боже ќе не можеш да го изгасиш, ќе ти изгори све дома-изјави тетовка

Без вода во време на паднемија е катастрофа, ниту да се избањаш, да се испереш, да се измиеш, невидено, страшно нешто..вели друг тетовец.

Градоначалничката Теута Арифи, вели дека чекаат одговори од надзорните органи, зошто во еден месец има две оштетувања на истото место на цефководот.Иако, според неа, ова не било никаков проблем и немало потреба од ревизија на изградбата на новиот водовод.

Кога било работено имало надзорен борд, кој вршел надзор и кој е одговорен.Имаме побарано повеќе прашања на кои очекуваме одговори.Инаку, вие знаете до пред еден месец не сме имале сличен проблем. – изјави Теута Арифи – градоначалник на Тетово.

Еколошките здруженија постојано предупредуваа дека ова ќе се случува поради изградбата на малите хидроцентрали на Лешница,токму каде што поминува цефководот.Но, на нивните апели да запре екоцидот на Шара нема никакви реакции од надлежните.                                                                            

Инаку, по дефектот кој се случи на 23 минатиот месец, тетовци девет дена, беа без нормално водоснабдување.Сега повторно, чешмите се суви повеќе од половина ден.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста