Тетово втор пат се соочува со полициски час

Некој си се вози на велосипед, некој со мотор, деца си седат пред згради и на улица, овој постар тетовец пак, иако е свесен дека е полициски час и може да биде казнет, вели морал да се прошета поради здравствени проблеми со ногата.

Но, генерално Тетово е празно. По улиците може да се забележи по некој автомобил, брза помош, полиција. Контроли има на сите влезови во градот.

Екипата на Алфа направи обиколка и во околината на Тетово. Низ Мала Речица забележавме повеќе групирања на млади, кои веднаш се разбегуваа. Раздвижено е и на автопатите.

Викенодов се чини повеќе работа ќе имаат маркетите, отколку полицијата. Оние кои имаат дозволи за работа, велат дека од утрото е турбо, како луѓето со денови да седеле дома. Некои основни намирници, веќе се потрошени.

Има основни работи кои ги немаат на лагер, леб, јогурт, кисело млеко, овошје. Ако продолжи вака нема да може да стигнеме бидејќи не сме спремни на овој тип на работа – вели за Алфа Џевџет Јусуфи-“ ОАЗА” Маркети

Инаку, Тетово втор пат се соочува со полициски час.Првото ограничување на движењето беше за време на конфликтот во 2001-та година.

Милена Вучевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста