НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетово слободно си живее и за време на полициски

Тетово будно и за време на полициски час.Дали и колку се почитува забраната за движење.Екипата на Алфа синоќа направи обиколка низ градот, пред и по започнувањето на полицискиот час.Најголем метеж на излезот од Тетово кон селата.

10-тина минути е до 20 часот, односно до започнувањето на полицискиот час.А, како што може да забележите позади мене, сеуште има колони возила, кои сообраќаат од и кон градот.

Тетово раздвижено и во првите минути од забраната.Забележавме многу возила низ улиците,но, и многу граѓани.

20 часот е и 10 минути.Веќе започна полицискиот час.Сега се наоѓаме во централното градско подрачје,но, гледаме дека раздвиженост сеуште има.

На влезовите од градот, полициски контроли.И тука редици возила , кои задоцниле и го прекршиле полицискиот час.

Тонско контрола полиција

Во сообраќајната полиција велат дека раздвиженост има и по забраната за движење.Сепак, велат дека имаат разбирање и толеранција.

Можам да кажам дека толеранција малку даваме, 5-10 минути додека гужвата не се расчисти.Генерално имаме раздвижување, и речиси сите се со дозволи за движење или по потреба.Сите кои имаат потреба се јавуваат на 192 и се ослободени од забраната вели Зоранчо Талев – Командир на ПС за БПС Тетово.

Инаку, од стапување во сила  на забраната за движење од 10 март, досега во полошко се санкционирани 60-тина лица,кои го прекршиле полицискиот час,најголем број во Тетово.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста