Тетово се бетонизира,но на градот му носи повеќе штети отколку поволности

Тетово не престанува да се гради.Постојано никнуваат нови објекти.Во централното подрачје не остана речиси ниедна куќа,оти згради го преплавија градот.Но, колку се внимава на прописите и протоколите за градба. Експертите сметаат дека потребна е поголема контрола од страна на градежната инспекција, но и измени во Законот за градба.

  • Кај нас има случаи на избрзување, на грешки, па спорови после со соседите,и тоа би било добро кога во најавените измени на Законот за градба, би се регулирало тоа со некој став.Значи градежната инспекција,прелиминарно  при почнување на градба да направи контрола и увид на објектот, а потоа да продолжи изградбата на објектот-вели Валентин Тасевски-Градежен инжењер.

Отворено прашање е и колку се запазуваат безбедносните услови при градба.Има случаи во Тетово каде се градат објекти, а местото околу не е соодветно обезбедено.

  • Има случаи на дадени објекти, каде инвеститорот има потреба од проширување на урбанистичката парцела, и видно е дека се проширува,се става оградата на јавен простор.Тоа се регулира, на локално ниво-вели Валентин Тасевски-Градежен инжењер.

Токму изградбата на бројни згради дополнително го искомплицира проблемот со паркирањето.Во проектите се пишува дека се обезбедени доволно паркинг места, но при реализацијата често пати тоа не е спроведено,велат експертите.Бетонизирањето на Тетово негативно се одразува и на аерозагадувањето, оти снемува зеленило,а зградите не дозволуваат ниту проветрување на воздухот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста