Тетово преплавено со албански знамиња, државното го нема ниту на јарболите

Дефиле со автомобили со албански знамиња,накитени згради, тераси, кафулиња,улици.Јарболите преплавени со знамиња.Тетово обоено во црвено-црно,на големо го слави Денот на албанското знаме.

Ако до лани, на јарболите низ центарот на Тетово, државното знаме го имаше барем на 2-3 места, годинава го нема воопшто.Се вее само, албанското знаме.

Тетовци се поделени во своите мислења,околу одбележувањето на денот.За некои погрешно е што го нема знамето на Република Македонија, за други не е.

За Денот на албанското знаме, сликата во градот под Шара веќе со години е ваква.Но, досега никој не одговараше за ова кршење на Законот за употреба на знамињата на заедниците.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста