Метеж пред маркетите, банките, низ улиците-тетовци брзаат да стигнат со обврските пред почетокот на карантинот, кој во Тетово ќе трае три дена.Добро е велат,што се донесе оваа мерка, иако е малку задоцнета.

Помала раздвиженост имаше и на православните гробишта.Поради карантинот, некои се решиле сепак, денеска да појдат и да им оддадат почит на покојните за задушница.

Во меѓувреме бројот на заразени во Тетово постојано расте.Денеска се регистрирани девет нови случаи, претежно контакти на веќе заразени. Позитивна на ковид 19 е и докторка од тетовската гинекологија.Од болницата велат дека дел од персоналот, со кој била во контакт се во домашна изолација и тестирани, а одделот функционирал без проблеми.

 Забраната за движење која почнува од вечерва од 21 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот утрината,освен за Тетово, важи и за пет други општини во полошко, Брвеница, Боговиње, Желино, Тераце и Јегуновце.

Милена Вучевска