Тетово повторно на пат да стане прв град во светот по аерозагаденост

Тетово повторно на пат да стане прв град во светот по аерозагаденост.Со започнувањето на грејната сезона, веќе едвај се диши од зачаденост и смрдеа,особено во вечерните часови. Граѓаните исплашени за здравјето,но и разочарани од властите и институциите,кои тотално велат, заборавиле на својот народ.

Проблемот со аерозагадувањето кој ја засега цела држава ,не само Тетово,се чини уште долго ќе добива само ветувања дека ќе се реши, реагираат и еколошките здруженија.Колку ќе се ангажираат властите се гледа велат и од самата кампања,во која не се ниту зборува за проблемот.

  • За жал политичките партии во нивната кампања, или само како реторика или воопшто не го спомнуваат овој проблем.Затоа што генератор на овој проблем  е нивното лошо менаџирање и немање капацитет да го решат овој проблем-рече Нгадњим Мемети- Еко герила .

Моменталните проблеми и дилеми околу недостигот на струја и евентуалното покачување на цената, насочуваат на тоа дека зимава може да не чека уште поголема загаденост, велат екологистите. Бројни домаќинства, наместо на струја ,многу јверојатно е дека ќе се префрлат на користење на  огревно дрво за затоплување.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста