Тетово останува најзадолжена општина, за властите важно било да се задржело нивото на долг

Со долг од близу 10 милиони евра, Тетово останува на врвот, односно најзадолжена општина во државава.Градоначалничката не открива на што се должи долгот и како би се вратил.Се правда дека општината со години била задолжена, но, политиката им била да не одат над тоа ниво на задолжување,туку да го задржеле, а тоа било тренд секаде во светот.

Треба да се има предвид и целосниот тренд во однос на долговите и задолжувањата во целата држава и светот, од тој аспект за нас е важно да бидеме дел на пошироки политики, во однос на градење на државни политики кон програмирања или репрограмирања кон долгот – вели Теута Арифи – градоначалник на Тетово.

Општина Тетово не само што е најзадолжена, туку има и набројна администрација.Но, судејќи по одговорот на Арифи,барем засега нема да има кратење.

Ако ја дебатираме темата за администрацијата, би рекла дека тоа треба да биде тема на една поширока дебата во однос на статусот и бројот на админстрацијата во цела држава , не само во Тетово – вели Теута Арифи.

Според должничката листа на Министерството за финансии, заклучно со третиот квартал од 2020 година, долгот на општината во септември бил 9,4 милиони евра.Тетово е рекордер, но не е подобра ниту состојбата со другите општини во државата, односно, речиси 90 проценти од нив се соочуваат со финансиски проблеми.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста