Тетово има нов водовод,но нема вода-ревизијата на проектот открива криминал

Новиот водовод со кој Тетово требаше да добие доволно вода,ниту е изграден според прописи и стандарди, ниту има технички прием.Досегашната ревизија на проектот покажала дека истиот е нефункционален,обелоденува тетовскиот градоначалникот Биљал Касами.

Во случајов за жал вреди марфиевиот закон, кога мислиш дека не може полошо-те очекува полошо.Во ниту еден случај не можев да помислам , а не пак да очекувам дека водовод кој е сега изграден, а се потрошени милионски суми не може да биде функционален-рече Биљал Касами- Градоначалник на Тетово.

Затоа и се честите дефекти,од кои најмногу трпат граѓаните-периодов делови од градот по цели денови немаат вода,останатите функционираат едвај со рестрикции.

Ние поправаме на едно место, пука на друго место.Целиот проект е со недостатоци, прво трасата е сменета, во дел кај што има свлечишта, второ цефките, дебелината не се според проектираните мерки, односно колку бари треба да издржи..Така што,има издржани сомневања дека целиот проект е реализиран без потребните стандарди-рече Биљал Касами- Градоначалник на Тетово.

Ако досега имаше само сомнежи и многу прашања, каде се губи тетовската вода и зошто град под планина полна извори е со суви чешми-сега се чини се разјаснуваат работите.Ревизијата на проектот е сеуште во тек, но според досегашните информации, најверојатно водоводот нема да може да биде функционален.Ова секако не е добра вест за тетовци, оти веројатно уште долго време, додека се најде некое друго решение, водата ќе биде луксуз,а рестрикциите секојдневие.Прашање е дали некој ќе одговора за овој криминал и милионските суми потрошени за нов водовод-кој не обезбедува вода.

Милена Вучевска

Advertisements