Тетово и деновиве загадено, надлежните без мерки, граѓаните и екологистите гневни

Деновиве Тетово, особено долниот дел, се гуши во зачаденост и загаден воздух, особено, во вечерните часови.Граѓаните не се изненадени за незаинтересираноста на градоначалничката. Но, гневот е голем,што еден ваков проблем, не е воопшто приоритетен за решевање.Ниту има мерки, ниту казни за загадувачите

Попусти се и алармирањата на еколошките здруженија.Прашуваат како властите не се срамат,што досега за овој проблем, не е мрднато ниту со прст.

Градоначалничката дали некогаш се чувтсвува лошо и и е срам за тоа што треба да го направи, а не го прави.Не знам дали ќе и биде срам да излезе и да бара гласови на тетовци, после сите еве веќе 7-8 години на таа функција, каде ништо нема направено во смисла на подобрување на квалитетот на воздухот – изјави Аријанит Џафери – Еко герила.

Освен домаќинствата и сообраќајот, загадуваат и бројни фабрики.Сите ги знаат кои се,но,се чини не и инспекциските служби.Градот се гуши,но,казни немало, оти според надлежните,загадувањето било во рамки на дозволеното, воздухот пак, далеку поквалитетен споредбено со минатите години.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста