Тетово доби вода, но, не и сигурност дека ова нема повторно да се случи

После десетина дена, Тетово доби доволно вода,а рестрикциите се укинуваат.Дефектот кој настана на новиот цефковод поради ерозија на земјиште,е саниран.Но, овој случај го остави отворено прашањето-дали ова ќе бидат штетите од изградбата на малите хидроцентрали, за кои постојано предупредуваа екологистите.ЕКОЦИДОТ кој се случува на Шар планина,ги покажува последиците.

  • Изградбата на мали хидроцентрали и нивните пристапни патишта создаваат појави на ерозија и лизгање на земјиштето, што прави неповратна штета на уникатните релјефни структури,а претставува ии голем ризик, за време на обилни дождови и поплави. За жал, законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк е направен на таков начин што овозможува изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја. Со ова, Владата грубо ги крши Бернската и Архуската Конвенција. –изјави НГАДЊИМ МЕХМЕТИ- “Еко герила”.

Во Водовод не сакаат да коментираат дали ерозијата е последица на хидроцентралата, која е во близина на каптажата.Природата не се знае како ќе врати, па не се исклучуваат можни нови дефекти.

  • Тетово (Ние можеме да кажеме само дека имаше лизгање на земјиштето, а зошто е настанато, сепак се прави експертиза за таа работа.Не може да се предвидат некои работи, кога е природата во прашање, таа си има свои правила. – кажа ЉУЉЗИМ ШАЌИРИ- Раководител на “Водовод”.

За проблемот со недостигот на вода, преку социјалните мрежи реагираше и тетовската градоначалничка, Теута Арифи.

“Потребна беше само природна непогода да се оштети главната цефка и да биде доволно да се отворат злите усти на оние кои едвај чекаат на тоа, и да почнат да фрлаат со дрвја и камења.Оние што со години го оставија Тетово без вода и кои живеат со таа нечиста совест, ваквите празни муабети,нема да им ја исчистат истата”- напиша Арифи на социјалните мрежи.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста