Тетово доби уште една дива депонија

Новата локална власт во Тетово во иднина ќе има многу работа ако сака да се справи со препознатливиот знак на градот – големиот број на дивите депонии. На поранешниот празен простор помеѓу помеѓу стариот градски стадион и касарната во Тетово е создадена најновата таква дива депонија – речиси рид од градежен шут и такви материјали.

Според околните жители, уште од минатата година тука се истовараат разни градежен отпаден материјал, но и отатоци од асфалт и бетонски плочки и слично.  Револтирани се што во близина имаат ваква депонија, па правот кој се разнесува стига и до нивните домови.

Од Општина Тетово велат дека се уште испитуваат како е создадена депонијата, но тврдат дека постои од времето на нивните претходници. 

  • Градежниот шут и материјал што е складиран на просторот помеѓу стариот градски стадион и касараната во Тетово е  од пред неколку месеци, кога со општина Тетово раководеше поранешната локална власт. Инспеторатот проверува зошто и како е истоварен шутот и се бара начин истиот да се отстрани. Најверојатно ќе биде однесен во депонијата Русино, се наведува во нивното соопштение.

Експертите за животна средина потсетуваат дека депонии од градежен шут има насекаде низ градот па и на земјоделски парцели во селата.  Ако не се санира оваа појава и понатаму негативно ќе влијание кон животната средина и кон целокупниот еко систем.

  • За да се реши оваа проблематика треба активно да се вклучат сите релевантни институции од локално и централно ниво се со цел оваа проблематика да се решава еднаш засекогаш. Можните решенија се-креирање на адекватно место за депонија, за градежен шут, потоа инвестирање за набавување на наменски машини за дробење на материјалот од градежен шут и претворање во градежен материјал.

Големиот број депонии со комунален отпад и градежен шут се најголемиот проблем поврзан со животната средина за кои претходните локални власти со години наназад не успеаа да најдат  решение.

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста