Тетово доби модерен “Тинекс” маркет и продавница од ланецот парфимерии “Космо”

Тетово доби реновиран, модерен, “Тинекс” маркет ,одлично снабден и збогатен со широка палета на прозиводи,кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните.Во склоп на маркетот има пиљара,со богата понуда на свежо овошје и зеленчук, месарница и сувомесни деликатеси, збогатен асортиман од над 5000 производи.За прв пат во градот,се отвори и продавница од ланецот парфимерии “Космо”. Со отворањето на маркетот, обезбедени се нови работни места,што е особено значајно во услови на пандемиска криза.

Тинекс и оваа година го продолжува тендот на отворање на нови маркети и унапредување на постоечките продажни места.Со ова, Тинекс, повторно во услови на пандемија, допринесува кон нови вработувања и раст на економијата.Маркетот ќе им овозможи на  граѓаните пристап до широка палета на производи од македонски прозиводителите, но и екслузивни производи од увоз – вели Фатиме Елезовиќ- Менаџер на “Тинекс” Тетово.

По повод отворањето, во маркетот велат дека периодов подготвиле дополнителни акции, промоции и подароци за потрошувачите, како и посебни поволности за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста