Тетово брои се повеќе новозаразени, хоспитализирани млади пациенти со тешка клиничка слика

Расте бројот на заразени, но, и на хоспитализирани во тетовското Инфективно одделение.Во моментов има 11 пациенти, сите со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Загрижува што повеќето се помлади.Најголем проблем и натаму останува што пациентите,поради разни причини,доцна доаѓаат на лекар.

Зголемен е бројот и на амбулантски прегледи,што не дава оптимизам, дека бројките на новозаразени ќе се намалуваат.Напротив, се очекува, тие да растат,особено што и мерките за заштита од вирусот речиси и да не се почитуваат.

Од тетовскиот ЦЈЗ велат дека сеуште се работи за семејни кластери,кои потекнуваат од разни прослави и свадби,па се наметнува прашањето,дали требаше толку да се олабават мерките.Во тетовско периодов врие од свадби,но, и од исселеници.Мерките не се почитуваат,ниту има најави за рестрикции,па градот полека навлегува во четвриот бран.За прием на пациенти,се подготвува да стартува со работа и модуларната болница.

Милена Вучевска