Тешко повреден пешак во сообраќајна незгода во Битола

На 30.10.2020 во 17.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола товарно моторно возило „Форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(42) од Битола, удрило во пешак С.А.(67) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста